| четврток, 6 декември 2018 |

Експлозијата на Транс-сибирскиот гасовод може да е терористички напад (Видео)

gas-pipeline-blast-ukraine12.siСилна експлозија се случи денеска на гасоводот во Украина, преку кој се дистрибуира руски гас до европските клиенти, а украинското Министерство за енергетика не ја исклучува можноста дека се работи за терористички напад.

– Тоа не е прв обид за терористички напад на украинскиот систем за транспорт на гас, се истакнува во соопштението од украинското Министерство за енергетика, потсетувајќи на двете експлозии на гасоводот што се случија во западниот дел од земјата во мај.

Гасоводот Уренгој-Помари-Ужгород, познат како Транс-сибирски гасовод, оштетен е во Полтавската област. Според очевидците по експлозијата пламенот достигнувал и до 200 метри во висина.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top