| четврток, 6 декември 2018 |

Уште пет пратеника од опозицијата се враќаат во Собрание?!

sdsm

Уште најмалку 5 пратеници веќе ја информирале централата на Бихаќка дека се враќаат на работа во Собранието. Како што дознава „Максим“ од партиски извори, заедно со Буралиева и Роза Топузовска – Каревска бројот на пратеници што му откажаа послушност на Заев веќе достигнал седум.

Сѐ уште без конечна одлука е пратеничката Солза Грчева, која јавно кажа дека не се согласува со политиката на бојкот на СДСМ. Во меѓувреме, раководството врши силен притисок врз другите пратеници во намера да обезбеди поддршка за своите ставови.

Во СДСМ денеска молк. Портпаролот на партијата не одговара на својот телефон за да ги потврди или демантира овие информации.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top