| четврток, 6 декември 2018 |

Ирачките сили ја губат контролата над градот Тал Афар, но ги утврдија позициите во Бакуба

Protest in Baghdad

Сунитските џихадистички бунтовници во Ирак зазедоа речиси целосна контрола врз стратешкиот шиитски град Тал Афар во северниот дел на Ирак. Во борбите за заземање на градот загинале десетици луѓе.

Провладините сили се уште држат некои од деловите на градот, кој се наоѓа во провинцијата Ниневија, во која главно живеат сунити. Тал Афар се наоѓа на 380 километри северозападно од Багдад, на патот кон сириската граница.

Protest in Baghdad

Ирачките безбедносни сили ги одвратија бунтовниците од градот Бакуба, на околу 60 километри северозападно од Багдад. По голем оружен напад во текот на ноќта џихадистите успеале на неколку часа да ја преземат контролата врз поголеми делови од градот, но денеска беа спречени од ирачката војска.

Исламистичката група Исламска држава во Ирак и Левантот веќе ги имапод своја контрола вториот по големина ирачки град Мосул и поголемиот дел од провинцијата Ниневија, како и градот Тикрит, кој се наоѓа 160 километри северно од Багдад.

Фото: ЕПА

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top