Кога хулиганите дивеат, страдаат кротките симпатизери на спортот, а во Белград на дербито меѓу Црвена звезда и Партизан овојпат жртва беше едно од децата на трибините. Го погодија со петарда навивачите на Црвена звезда, а на фотографиите се забележуваат солзите и стравот на младиот навивач на „црвено-белите“.
Вечните ривали играат финална серија за титулата со многу тензија и инциденти. На првиот дуел што го доби Црвена звезда имаше масовна тепачка и прекин, па во продолжение од дуелот имаше и комична ситуација со игра 5 на 3 кошаркари во корист на „црвено-белите“, кои славеа победа.
Вчера Партизан се реванираше со убедлив триумф од 20 поени разлика, но повторно беше напнато со инцидент во кој настрада младиот навивач на Црвена звезда, и тоа од петарда од симпатизерите на истиот клуб.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)