| четврток, 6 декември 2018 |

Експертите предупредуваат: Не мијте го пилешкото – така се шири опасна бактерија

Не мијте го суровото пилешко месо пред готвење бидејќи тоа води до двојно загадување и ризик од бактериска инфекција – е најновата препорака наменета да се сопре ширењето на бактеријата што ја има во месото. Не затоа што пилешкото не треба да се мие, туку затоа што ние го правиме тоа погрешно.

pilesko

За овој вид предизвикување труење со храна се знае одамна, но огромен дел од корисниците сѐ уште не се свесни.

Електронскта  анкета меѓу 4.500 Британци, спроведена од Агенцијата за прехранбени стандарди, покажува дека 44% го мијат пилето пред готвење. На тој начин, преку водните капки, се создава средина за ширење на т.н. кампилобактер врз рацете, работните површини, облеката и кујнскиот прибор и апарати, објаснуваат експертите. Ако месото не се мие, штетните бактерии се уништуваат во процесот на готвење, при термичка обработка.

Од неа во Британинија  годишно страдаат 280.000 луѓе иако, според истражувањето, само 28 проценти од луѓето слушнале за неа.

Ампилобактеријата е најчестиот облик на труење со храна и главно ја добиваме од живината, обидувајќи се недоволно педантно да ја остраниме од неа.  Затоа и главната препорака од Агенцијата сега гласи да се одбегнува допир со свежа живина.

Симптомите од ваквото труење траат по неколку дена, но бактеријата знае да биде и смртоносна, особено за деца помалу од 5 години. Симптомите вклучуваат дијареа, стомачни болки и грчеви, треска, општа омалаксаност. Кај повеќето луѓе инфекцијата поминува за неколку дена, но понекогаш може да доведе и до долгорочни здравствени проблеми, вклучувајќи синдром на дебело црево и синдром на Гилен-Бар – сериозна болест на нервниот систем.

Само во Велика Британија кампилобакатерот влијае на околу 280.000 луѓе секоја година и е најчеста причина за труење со храна. Најчестиот пат за инфекцијата е токму преку миењето на пилешкото месо.

Најзагрозени се децата на возраст од 5 години и највозрасните.

Совети за употреба на суровото пилешко:

– Покријте го месото и чувајте го во фрижидер/замрзнувач.

– Чувајте го на дното во фрижидерот за да не капе врз друга храна.

– Не мијте го суровото пилешко.

– Темелно измијте ги сите садови, приборот, штиците за сечење и површините кои се користат за време на подготовките на суровото пилешко за готвење.

– Осигурајте се дека месото е доволно добро сварено или печено.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top