| четврток, 6 декември 2018 |

Почина првото лице заразено од бактеријата предизвикана од зелената салата

Во Калифорнија почина првата личност заразена од ешерихија коли поврзана со заразата која се шири од зелената салата, соопшти Центарот за контрола и превенција од заразни болести.

Ова е прв смртен случај од избивањето на епидемијата поради која заразени се 121 лице во 25 држави, од што 52 завршиле во болница.

Болеста е специфично врзана со салатата која се одгледува во регионот Јума, во Аризона, соопштил Центарот.

Калифорнискиот Центар за јавно здравје не бил во можност веднаш да ги соопшти деталите и околностите врзани за овој случај.

Луѓето заразени со ешерихија коли најлчесто имаат силни болки во стомакот кои главно исчезнуваат за една недела. Веста за првиот смртен случај го подгнало нивото на паника меѓу потрошувачите.

Центарот за контрола на заразни болести препорачува избегнување на зелена салата, освен ако потрошувачите се сигурни дека не е одгледувана во подрачјето на Јума.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top