| четврток, 6 декември 2018 |

Оџа нападнат со секира во Осло

Оџа во најголемата џамија во Норвешка синоќа беше потешко ранет кога бил нападнат од страна на еден маж во населбата Гренланд во норвешкиот главен град Осло, јави дописникот на МИА од Гетеборг.

oslo

Околностите во кои се случил инцидентот сè уште се нејасни. Како што јавија норвешките медиуми, 60-годишниот оџа бил нападнат со секира кога бил на пат кон џамијата за да ја води вечерната молитва.

Според други информации, оџата се враќал од џамијата и бил нападнат во близина на неговиот дом.

Норвешкиот весник „Афтенпостен“ пишува дека сторителот бил маскиран и дека сѐ уште е на слобода. Оџата бил опериран во текот на ноќта и според болнички извори, неговата состојба моментно е стабилна.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top