| четврток, 6 декември 2018 |

Буралиева: Формата на бојкот за мене е неприфатлива

buralieva

Љубица Буралиева на својот профил на „Фејсбук“ потврди дека отстапува од одлуката на СДСМ за бојкот на Собранието.

– Промена за нов почеток, став со кој влегов и опстојувам како социјалдемократ, како човек со личен интегритет и кој живее во систем на загубени вредности, на крајна недемократичност на сите нивоа, во општествен амбиент неподнослив за достоинствен човечки живот. Борбата е јасна и недвосмислена, но демократскиот предзнак на политичката опција на која што ѝ припагам и која ми даде доверба за да ја барам пак довербата на граѓаните, подразбира и слобода на размислување и лични ставови во однос на конкретни потези до единствената цел. Одлуката на највисоките органи на СДСМ за бојкот и неприфаќање на изборните резултати безрезервно,без трошка дилема ја поддржувам (став на 33-та пратеници на здружената опозиција), но вонинституционалниот облик, формата на бојкот за мене е неприфатлив (личен став што го изнесов и на почетокот кога за тоа имавме можност, по веќе донесената одлука на највисоките партиски тела).

Зборувам за личен став, не за личен интерес, како што, не знам заради кои и чии интереси, некој сака да прикаже и да ја девалвира мојата личност, конечно и да го урне мојот личен интегритет. Дозволете, довербата треба да е двонасочна.

Конечно, како долгогодишен новинар, во изминативе 8 години доволно силно ја почувствував „слободата“ на говорот, на мислата…. дозволете ми да мислам, да зборувам, да критикувам, да одобрувам, искрено сакам да верувам дека довербата на граѓаните (по предлог на СДСМ) за тоа ја добив – напиша Буралиеваа, која беше на листата во втората изборна единица.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top