| четврток, 6 декември 2018 |

Стартува бродската линија Охрид – Поградец

ohrid dzihad1

Од охридското пристаниште денеска ќе почне да сообраќа првата бродска линија Охрид – Поградец.

Се работи за чартер-линија, која во текот на туристичката сезона ќе служи за превоз по воден пат на туристите од Охрид во Македонија до Поградец во Албанија и обратно.

На стартот на првото запловување е најавено присуство на министерот за транспорт и врски,  Миле Јанакиески, и на градоначалникот на општина Охрид, Никола Бакрачески.

По пристигнувањето  во албанскиот град Поградец, предвидено е Јанакиески и Бакрачески да бидат пречекани од своите  албански колеги, министерот за транспорт и инфраструктура Едмонд Хаџинасто и градоначалникот на Поградец, Артан Шкембиј.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top