| четврток, 6 декември 2018 |

Втора шанса за Гвинет Палтроу и за Крис Мартин

гвинет

Холивудската актерка Гвинет Палтроу и музичарот Крис Мартин пред три месеци објавија дека се разведуваат. Но според еден неидентификуван извор за списанието „Мирор“ двојката решила да си даде уште една шанса во десетгодишниот брак.

Пред неколку дена Гвинет и Крис се фотографирани како заедно ручаат во еден ресторан во Калифорнија во весела романтична атмосфера, а еден британски портал пишува дека тие, откако објавиле дека ќе се разведуваат, почнале да одат на брачно советување, кое им помогнало да ги надминат несогласувањата, па решиле  да си дадат уште една шанса.

– Навистина имаа проблеми, но Гвинет предложила во моментов да не се гледаат со други луѓе и да се преиспитаат дали ова е навистина крај на нивната приказна. Крис останал да живее во нивната куќа, а Гвинет сè уште го носи венчалниот прстен. Ако се смират нема да ги изненадат медиумите – додал неидентификуваниот извор за Мирор.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top