Австралиската полиција вчера наутро го пронајде телото на 48-годишниот Македонец, кој со семејството живееше во Сиднеј. Бизнисменот Џон Гашовски беше пронајден со куршум во главата на туристичко место во близина на Волонгонг.
Според изјавите на семејството на жртвата, тој минатиот понеделник заминал од дома за Канбера во 15.30 и требало да се врати дома следната ноќ.
Откога семејството и пријателите не успеале да стапат во контакт со него случајот го пријавиле в полиција во четвртокот.
Неговата сопруга, Џеки Гашовски, вели дека е скршена од болка и од тага. Таа не може да поверува дека некој го убил нејзиниот сопруг. Според неа, Гашовски немал непријатели. Тој бил добар сопруг и пожртвуван татко на нивните четири деца.
Според тамошната полиција Гашоски немал криминално досие, но се контактираат неговите соработници за да се
расчисти случајот. Полицијата утврдува дали Гашовски е убиен на друго место, па потоа е донесен во џунглата бидејќи е исчезнат и неговиот автомобил.
Од Македонската заедница во Сиднеј контактирале со семејството на убиениот за да изразат сочувство.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)