Поради големиот интерес за распродадените настапи на Трпчески во Ливерпул веќе се закажани двата концерта за следната, јубилејна 175 сезона. Прекрасната концертна сала на неокласичното здание „Сент Џорџ“ со Кралскиот ливерпулски филхармониски оркестар беше распродадена денови однапред. Причина – гостувањето на миленикот на англиската публика македонскиот пијанист Симон Трпчески.
Тој освен што заедно со најстариот симфониски оркестар во Велика Британија како солист на пијано ги отсвири првиот концерт од Шостакович и увертирата на еврејски теми од Прокофјев, за прв пат настапи и како диригент. На програмата беа и дела од Брамс и Елгар.
Поради големиот интерес за распродадените настапи на Трпчески во Ливерпул веќе се закажани двата концерта за следната, јубилејна 175 сезона на Кралскиот ливерпулски филхармониски оркестар на 18-ти и 19-ти февруари наредната година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.