| четврток, 6 декември 2018 |

Тие се божици и не ја допираат земјата сѐ до пубертет (ВИДЕО)

Од моментот кога девојчиња од Непал ќе изберат да бидат Кумарис или да станат реинкарнација на божицата на моќта, во Хинду религијата Кали, мора да поминат ригорозен тест кој се состои од 32 круга. После него, тие се сметаат за заштитници од злото кои ги обожуваат илјадници хиндуси и будисти.

Nepalske-boginje-2-630x419

Овие девојчиња, кога ќе влезат во светот на Кумарис, која на непалски значи девица, не го менуваат само името и статусот, туку целиот живот. Принудени се да ги напуштат своите домови и скриени се во храмовите како живи богатства. Може да излезат надвор само кога се бара тоа од нив, односно кога треба да присуствуваат на фестивал или прием и тоа во својство на божество.

Обожувањето на Кумарис е толку големо, што е потврдено со тоа што нив не им е дозволено да одат, па се превезуваат со автомобил и на раце на свој стол, како престол, а некои девојки не знаат да одат до нивното „пензионирање“.

424535_kumari_f

Не одат на училиште, немаат друштво, а надвор се само 13 пати годишно.

Кога ќе добијат прва менструација, пристапуваат на 12-дневен „Гуфа“ ритуал и тогаш нивниот живот како Кумари завршува. Се враќаат во обичниот живот, кој до тогаш не го познавале.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top