
Економијата според податоците на Државниот завод за статистика во првиот квартал годинава порасна за 3,9 отсто, што е одличен резултат за земјава. Според официјалната статистика на ЕУРОСТАТ растот кој го забележала Македонија е највисок во Европа, а со тоа и подобар споредено со сите земји од ЕУ.
Ова е податок кој укажува на тоа дека македонската економија оди во позитива, а фирмите заработуваат. Особено е важно што од поцетокот на годинава во континуитет расте и индустриското производство, а растот на извозот во април достигна раст од 15.1 проценти. Ваквиот тренд на раст, е потврда за исправноста на мерките кои ги превзема Владата во насока на надминување на последиците од светската криза како и поволностите за инвеститорите и чекорите кои се превземаат во насока на креирање на поволна бизнис клима, со што се растерети стопанството. Во период кога стопанствата на некои големи држави сѐ уште се соочуваат со огромни и штетни последици од светската криза, македонската економија бележи раст. Тоа значи сигурност и добар показател за секој иден инвеститор. Според ДЗС стапката на невработеност бележи ново намалување и изнесува 28.4 проценти, што е за 1.5 проценти пониска од првиот квартал минатата година.
Раст е забележан речиси во сите сектори. Генератор на економскиот раст е градежништвото и тоа со 13,7 %. Финансиското посредување учествува со 4,7 %, трговијата на големо и мало со 3,3 %. Ако се анализира структурата на БДП според расходниот метод, бруто инвестициите од јануари до март се зголемиле за 26,5 % во споредба со истиот период од лани
Имено, според податоците кои минатата недела ги објави ЕУРОСТАТ, во првите три месеци од 2014, најголем раст во ЕУ забележала Полска од 3,5%. Зад неа е Унгарија со 3,2%, а над три проценти раст има само уште Велика Британија – 3,1%.
Од регионот, во првиот квартал, растот во Србија изнесува 0,4%, во Бугарија 1,2%, а во Грција има негативен раст од 1,1%

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


