| четврток, 6 декември 2018 |

Жерновски против СДСМ: Поради лошата организираност на опозицијата, луѓето не веруваат дека таа е подобра алтернатива

zernovski-na-mostot-oko-2
Лидерот на ЛДП, Андреј Жерновски, во интервју за Радио Слободна Европа призна дека опозицијата нема капацитет да се врати на власт. Жерновски рече дека е време целата опозиција да седне и да креира добра и адекватна стратегија и да се организира за да можат граѓаните да препознаат дека се подготвени за да дојдат на власт.

– Мислам дека не треба да се брза. Треба опозицијата, тука спаѓа и ЛДП, да направи добра стратегија, а не само да вади афери и да критикува. Треба да понуди нешто. Апсолвирано е прашањето дека луѓето се разочарани. Сметам дека сѐ уште не се уверени дека опозицијата е подобра алтернатива. Јасен е притисокот врз јавноста, но сметам дека голем удел во тоа што ВМРО-ДПМНЕ е сѐ уште на власт има и опозицијата со немањето адекватна стратегија и организираност – вели Жерновски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top