Досега од наградната игра „Фискална во рака – награда без мака“, чиј приредувач е Државна лотарија на Македонија под покровителство на Министерство за финансии, се доделија еден стан – на добитникот Трајко Кузмановски од Куманово, еден деловен простор на добитникот од Струга – Димитар Миладинов, пет автомобили на: Панде Мановски од с. Буково Битола, од прво извлекување; Перица Јанковска од Прилеп, од второ извлекување; Филиповска Весна од Штип, од трето извлекување; Розита Шијакоска од Прилеп од четврто извлекување и Милица Поповска од Неготино, од петтото извлекување. Покрај главните награди за претходните пет извлекувања доделени се и 750 вредносни ваучери од 60.000 до 1000 денари на добитници ширум Македонија.
Во сите извлекувања до крајот на наградната игра, може да се учествува со коверти со по дваесет фискални сметки од најран датум 15ти ноември 2013та. Независно дали ковертот се испраќа по пошта или се остава во наменска кутија, на ковертот мора да е напишана целосната адреса на примачот:
Државна лотарија на Македонија
Бул. Гоце Делчев, бр. 8, поштенски фах 363
За наградната игра Фискална во рака – награда без мака
И за ова коло, Државна лотарија на Македонија подготвува караван кој ќе започне во вторник 17 јуни, па се до недела, 29 јуни. Ова ќе биде караван со најголема покриеност на градови низ Македонија досега. Во текот на овој караван на Државна лотарија на Македонија, промоцииите ќе се одвиваат од 11:00 до 18:00 часот пред продажните места обележани со знакот СРЕЌНО МЕСТО. Распоредот на локации по датуми е прикажан подолу:
Вторник 17.06 |
КУМАНОВО пред продажно место КЕОПС,
КРАТОВО пред ТОБАКО ДАРМИС ДООЕЛ иКРИВА ПАЛАНКА пред продажно место ТЕДИ АН РИО |
Среда 18.06 |
ВЕЛЕС пред ЛОТО77,ШТИП пред продажно место Тутун Пром |
Четврток 19.06 |
КОЧАНИ пред АНАФИЛ иВИНИЦА пред ВИ ВАРДАР |
Петок 20.06 |
СВЕТИ НИКОЛЕ пред ВЕНМАРК ДООЕЛ иПРОБИШТИП пред продажно место ЛИЛА ЛОТО |
Сабота 21.06. |
БИТОЛА пред ВАГАБОНД и пред ПЛАНЕТ во стара чаршија во Битола |
Недела 22.06 |
ГЕВГЕЛИЈА – пред МОНТЕ МК иДОЈРАН пред ЏИНОВ МГ |
|
|
|
Вторник 24.06 |
СТРУМИЦА пред ВАТКОС иРАДОВИШ пред АЛ ВИТО |
Среда 25.06 |
КАВАДАРЦИ – пред ДО ВИ иНЕГОТИНО пред КОРЗО |
Четврток 26.06 |
КИЧЕВО пред БОБИ ДОМИНАТОР иДЕБАР пред АГНЕСА |
Петок 27.06 |
ГОСТИВАР пред ЈОТОН СРЕЌА иТЕТОВО пред БАРТОН |
Сабота 28.06. |
ПРИЛЕП пред ТОБАКО Плус |
Недела 29.06 |
СТРУГА пред КИКИ ТВИНС иОХРИД пред ПРАГМА ТРЕЈД |
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



