Македонија бележи намалување на бројот на смртни случаи на работа што укажува дека е подигнато нивото за обезбедување сигурни работни места. Сепак, земјоделството и градежништвото остануваат сектори во кои се регистрирани најголемиот број повреди и несреќи на работното место, пишува МИА.
Податоците со кои располага Македонското здружение за заштита при работа покажуваат дека минатата година се случиле вкупно 98 несреќи на работното место од кои 28 биле со фатални последици. Споредено со 2012 година кога стапката на смртност изнесувала 6.8, бележиме намалување во 2013 година кога стапката на смртност е 4.08, односно на секои 100.000 вработени загинуваат 4 вработени.
Намален е и бројот на повреди при работа, така што минатата година се регистрирани 70 повреди, односно стапката изнесува 10,2, што е значително опаѓање во споредба со 2012 година кога стапката на повреди при работа изнесувала 17,2.
Најголем број несреќи, како и во изминатите две години, се случиле во земјоделството, односно при управување со трактор, по што следуваат градежништвото, каде што се евидентирани 20 несреќи, транспортот со 11 и јавната управа и одбраната со 9 несреќи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.