Немања Прибак сѐ уште се адаптира на начинот на игра на македонската репрезентација, но неговиот придонес од натпревар во натпревар е сѐе поголем.
Ракометарот на Вардар изрази гордост по убедливиот триумф над Грција, но, исто така, искажа оптимизам за уште подобри денови за македонскиот ракомет во периодот што следува.
– Во Атина не бевме на висина на задачата, сите го признавме тоа, но исто така и бевме решени денеска да ја исправиме работата. Чувствувавме притисок, мислам дека дури имавме и мал грч на самиот почеток, но тука беа најискусните, Кире Лазаров, Борко Ристовски и останатите, кои помогнаа да се влезе во ритам и рано да се создаде одлична предност. Севкупно сум навистина задоволен од денеска, од она што го прикажавме на мечот. Радосен сум бидејќи од друга страна знам дека можеме уште подобро, Мојсовски е повреден, Вугринец е со нас само дваесетина дена, младиот Талески е голем талент што допрва ќе се развива. Сето тоа дава верба за уште подобри резултати во иднина. Рано е да се зборува за СП во Катар, сега треба да уживаме во остварениот успех – истакна Прибак.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Со пораз од Данска, Македонија се прости од Европското првенство
-
Храбрата и млада Македонија има 12 – 12 на полувреме против моќната Данска
-
Чешка и Словенија одиграа нерешено и ја отпишаа Македонија од битката за петто место
-
Неверојатни комбинации: Кој со кого е цимер во македонската репрезентација?