| четврток, 6 декември 2018 |

Расмусен: НАТО подготвува помош за Украина

НАТО подготвува мерки, кои би и помогнале на Украина да се заштити во конфликтот со Русија, изјави генералниот секретар на Алијансата Андерс Фог Расмусен во интервју за весникот „Паис“ и додаде дека НАТО треба да се прилагоди на фактот дека Москва веќе гледа на него како на противник.

Расмусен истакна дека НАТО разгледува долгорочни мерки за гарантирање на безбедноста на своите сојузници.

– Треба да се адаптираме кон фактот дека Русија веќе не смета за свој противник, изјави тој.  Расмусен истакна дека НАТО подготува пакет помош, кој ќе им го претстави на министрите за надворешни работи на земјите од Алијансата кон крајот на месецот.

– Целта е да и се помогне на Украина да го реформира својот одбранбен сектор и да ги модернизира вооружените сили, додаде тој.

Киев ја обвинува Москва дека стои зад прорускиот бунт во источна Украина, каде вчера сепаратистите соборија транспортен авион на украинската армија и убија 49 украински војници.

И покрај тоа што НАТО јасно даде до знаење дека нема планови за воена интервенција во Украина, Алијансата испрати ловци и бродови во источна Европа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top