| четврток, 6 декември 2018 |

Тениски раритет, две финалиња решени со 5 тај-брејка

Вистински тениски раритет се случи денеска во двете финалиња на тревната површина во Хале, Германија и во Лондон, Англија. Се играа вкупно 5 сета, а новите шампиони Роџер Федерер и Григор Димитров ги заслужија круните сопобеди во вистински маратон.

И во Хале и во Лондон сите сетови беа одлучени во тај-брејк, а Федерер во Хале го совлада Алехандро Фалја со 7-6, 7-6, додека Димитров во Лондон беше подобар со 6-7, 7-6, 7-6 од Фелисијано Лопес.

Федерер по рекорден седми пат го освои турнирот во Хале, а патем ја забележа и седмата победа против Колумбиецот во исти толку меѓусебни дуели.

Димитров ја освои четвртата АТП титула, а и во финалето на Лондон се играше до последен здив. Бугарскиот тенисер беше поумешен во два тај-брејка и се закити со круната во главниот град на Англија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top