Од утре се очекуваат нови цени на бензините и дизел горивата. Регулаторната комисија за енергетика треба да ги соопшти цените по кои од вторник на полноќ ќе се продаваат на бензинските пумпи. Пред две недели Регулаторната комисија за енергетика го зголемо малопродажните цени на бензините за 1,5 денари, а на Дизелот за половина денар. Во моментов, цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 80,50 денари за литар а дизелот се точи за 68 денари за литар.
Инаку, цените на суровата нафтана светските берзи бележат пораст, најголем во изминативе 10 месеци. На Њујоршката берза барел нафта достигна цена од 107 долари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


