Пред околу илјада гледачи и во бразилска атмосфера со самба-танчерки од земјата на кафето, 15 екипи и стотина фудбалери од Македонија, Босна и Херцеговина, Франција, Косово и Белгија се натпреваруваа по третпат по ред Интернационален турнир во мал фудбал „Рома Мерксем”за престижниот пехар на македонските Роми, пренесе дописникот на МИА од Белгија.
Хуанито Селим, генерален директор на спортскиот клуб „Македонија” од Антверпен, организатор на овој турнир, посочи дека истиот е традиционален и со хуманитерен карактер.
– Ова е всушност балкански турнир овде во Белгија со кој ние припадниците на ромската заедница од нашата земја имаме за цел промоција на Република Македонија, како во Кралството, така и пошироко, со оглед на тоа што има екипи и гледачи кои доаѓаат и од други европски земји. Преку спортски и културни настани, нашиот клуб „Македонија” има единствена цел промоција на нашата татковина во Западна Европа, истакна директорот на турнирот, Селим.
Според организаторите, често на овој традиционален турнир во Белгија, важност со своето присуство му придаваат и некогаш прославените македонски репрезентативци што сега живеат во Кралството, како Игор Саша Николовски и Драган Силјановски, како и интернационални фудбалски „ѕвезди” како Александар Митровиќ (Андерлехт), Ратко Свилар, Карим Башар и други. На овој турнир, пак, најголем внимание привлече членот на младинската репрезентација на Македонија и напаѓач на младите селекции на Андерлехт, Емил Абаз.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Бегилските „жолти елеци“ со листа на барања кои ќе ги презентираат на протестот во сабота
-
Во Белгија нема повеќе место за нови баратели на азил
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации
-
Семејството скршено од тага пристигна на стадионот- сопругата на Вичај од овој детаљ ќе се струполеше на земја


