Авганистанските власти соопштија дека излезноста на на претседателските избори била околу 60 проценти, но и дека околу 50 лица биле убиени во нападите низ државата. Според независната изборна комисија над 7 милиони Авганистанци гласале за наследник на Хамид Карзаи. Вкупниот број гласачи во Авганистан изнесува 12 милиони. За време на вториот круг на изборите загинаа најмалку 50 луѓе во напади на екстремистите Според полицијата, загинале 11 полицајци, 15 припадници на Авганистанската национална армија и 20 цивили, како и 60 екстремисти. Вториот круг од претседателските избори се одржа и покрај талибанските закани, во момент кога меѓународните сили го намалуваат интензитетот од 13-годишното вооружено ангажирање. Талибанците најавија пред изборите, постојани напади врз избирачки места и можност за „изборна кражба“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.