Целото подрачје околу стадионот „Арена Амазонија“ во бразилскиот град Манаус беше блокирано, откако во бразилската полиција пристигнала дојава за поставена бомба. Токму во Манаус вечерва на полноќ треба да се одигра европското дерби помеѓу Англија и Италија.
Како што пренесуваат медиумите, по деталната истрага станало јасно дека дојавата за бомба е лажна, по што навивачите безбедно почнале да го исполнуваат стадионот.
За безбедноста на стадионот вечерва во Манаус ќе се грижат повеќе од 1.000 полицајци и специјалци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.