| четврток, 6 декември 2018 |

’Поздрава’ и зелена „Кока-кола“ пристига во Европа

Компанијата Coca Cola Beverages во септември на британскиот пазар ќе лансира нова „поздрава” верзија на овој газиран пијалак, под името Coca-Cola Life. Новиот безалкохолен пијалак ќе содржи за третина помалку шеќер и калории од оригиналниот. Од компанијата појаснија дека новиот пијалак го лансирале во рамки на глобалните напори во борбата со проблемот со дебелеењето со што во светот сè повеќе се соочуваат младите луѓе.

Лименка од 330 милилитри ќе содржи 22,1 грам шеќер, што е 25 отсто од дневно препорачаното количество за возрасни, во однос на 35 отсто колку што содржи обичната Coca-Cola.

Лименката на Coca-Cole Life ќе биде со зелена боја, во септември ќе се појави во продавниците во Велика Британија, по пилот проектот во Аргентина и Чиле.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top