Силна експлозивна направа била пронајдена близу резиденцијата на украинскиот претседател Петар Порошенко, соопштија службите за безбедност..
-Направата била пронајдена во текот на ноќта во близина на капијата каде минуваат претседателските возила. Тоа беше контејнер со пет гранати и килограм „метални матици“, рече изворот кој одбил да биде именуван, пренесува „Ријтерс“.
-Тоа беше навистина силна направа. Телохранителите на претседателот ја демонтирале бомбата, а украинското претседателство веднаш издаде соопштение.
Порошенко ја положи заклетваа минатата недела по победата на изборите во Украина. неговиот претходник Виктор Јанукович беше симнат од власта по протестите во Киев, а новите власи се соочуваат со бунт на проруските сили на истокот на Украина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.