Економијата и отворањето нови работни места остануваат во нашиот фокус. Токму затоа, новиот состав на Владата е дополнително засилен со двајца нови министри чија примарна задача е привлекување на инвестиции, истакна премиерот Никола Груевски во обраќањето на 23-тата годишна конференција на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ.
– Точно знаеме што сме ветиле и нагласувам дека секој член од оваа влада знае дека од ветеното не смее да има отстапување. Мора да се вложат и последните атоми од силата да се реализира она што сме го ветиле. Тоа што е ветено нема назад, тоа е нашата девиза и така ќе продолжиме. Мора да се испорача ветеното. Тоа е нашата работа сега – рече Груевски.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ потенцира дека продолжува интересот на странските инвеститори за вложување во Македонија.
– Очекуваме реализација на повеќе инвестиции. Секоја недела примам виски претставници на крупни корпораци кои се дојдени да испитаат што е тоа што во последно време почнува да ја прави Макеоднија хит меѓу инвеститорите и покрај тоа што земјата не е членка на ЕУ и НАТО. Заинтересираните инвеститори по средбите со мене одат да разгледуваат локации. Тоа потврдува дека оваа земја, овој народ има иднина, невработеноста ќе продолжи да се намалува со посилно темпо – рече Груевски.
Нагласи дека дадената доверба е најголемиот репер и потврда за патеката по која одат, која не е лесна, има потешкотии, но патека низ која цврсто се решени да чекорат, затоа што, како што наведе, имаат план и мисија, имаат сила.
Премиерот Груевски потенцираше дека добиената доверба покажува дека народот прави разлика и се одлучи за напредок.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Протестен марш на ВМРО ДПМНЕ во 17 часот (во живо)
-
Отворено и транспарентно: ВМРО-ДПМНЕ со Јавен повик за кандидирање на членови на Комисии
-
Стоилковски: Заев и Спасовски да одговорат колку Иван Савидис е економски присутен во Македонија и дали има поврзаност со Владата
-
Што говореше за Уставот пред да се предомисли предавничката Александрова и да ги гласа измените? (видео)