Четириесет и девет украински војници загинаа денеска, откако проруските бунтовници урнаа транспортен авион над аеродромот во источниот град Луганск, изјави портпаролот на украинското Министерство за одрбана Владислав Селезнов.
Министерството претходно соопшти дека сепаратистите отвориле оган од противвоздушно и артилериско оружје и го собориле воениот транспортен авион „Ил-76“ при обид за заземање на аеродромот во Луганск.
Авионот превезувал војници.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.