Генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен изрази загриженост поради информации дека „тешко оружје од Русија, вклучително и тенкови, навлегле на територијата на Украина во источниот дел на земјата“. Тој ја повика Руската Федерација да се придржува до договорот од Женева.
– Јас сум загрижен од извештаите дека проруски вооружени банди се опремуваат со тешко оружје од Русија, вклучително и со руски тенкови. Ние видовме дека руските тенкови и други оклопни возила можеби ја преминале границата со Источна Украина. Ако бидат потврдени овие извештаи, тоа ќе значи сериозна ескалација на кризата во источна Украина, истакна Расмусен.
Генералниот секретар на Алијансата побара Русија да заврши со повлекувањето на своите воени сили на границата со Украина, да го запре протокот на оружје и на борци преку границата, како и да го искористи своето влијание врз вооружените сепаратисти да го положат оружјето и да се откажат од насилството.
– Ја повикуваме Руската Федерација да ги исполни своите обврски со договорот од Женева и да соработува со владата на Украина, додека таа ги спроведува своите планови за промовирање на мирот, единството и реформите, додаде првиот човек на Северноатлантската организација.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Метју Палмер во Сараево: Македонија може да стане членка на НАТО до средината на 2020 година
-
Украинските морнари признале: Добивме задача, влеговме во руски води и тука чекавме наредби
-
Пендаровски: Од јануари очекувам да бидеме на иста маса со НАТО
-
Не се очекува земјите од Алијансата да распоредат ново нуклеарно оружје во Европа