| четврток, 6 декември 2018 |

УЈП со засилени контроли по кафулињата и по рестораните за време на СП во фудбал

ujp-zgrada

Мобилните екипи на УЈП ќе вршат засилени контроли за фискализација во летниот период, посебно за времетраењето на Светското првенство во фудбал и на летните манифестации што ќе се одржуваат низ општините и туристичките центри во Македонија каде што се очекува зголемена посетеност на угостителските објекти, но и ризик од нерегистрирање на готовинскиот промет.

– Со цел превентивно да дејствуваме за субјектите редовно да издаваат фискални сметки на потрошувачите, даночниците од вчера почнаа со засилени контроли во гевгелискиот регион, каде што поради откриени неправилности во финансиското работење се запечатени осум објекти. Затворени се и два објекта во Кавадарци и еден во Неготино во период од 15 дена, а на фирмите и одговорните лица изречена им е глоба во износ од 3250 евра во денарска противвредност. Апелираме обврзниците да го регистрираат прометот и да издаваат фискални сметки, со цел објектите да не им бидат затворени од УЈП, а со тоа и да не можат да вршат дејност посебно во овој период кога се очекува зголемување на прометот – велат од ЈУП.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top