| четврток, 6 декември 2018 |

Димовски: Во СДСМ има и патриоти

Ilija dimovski kordinator (2) (Custom)

Во СДСМ има лу­ѓе за кои лес­но мо­жам да ка­жам де­ка се па­три­о­ти и си ја са­ка­ат сво­ја­та др­жа­ва. Да­ли ќе смог­нат си­ла да ја про­ме­нат по­ли­ти­ка­та на сво­ја­та пар­ти­ја или ќе смог­нат си­ла са­ми­те лич­но да се ди­стан­ци­ра­ат од оваа по­губ­на по­ли­ти­ка, оста­ну­ва на нив и е са­мо нив­на од­го­вор­ност, вели новиот координатор на пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ Илија Димовски во интервју за новиот број на Република. Димовски вели дека со отсуството од парламентот СДСМ не му прави штета на ВМРО ДПМНЕ, туку на Македонија и на граѓаните, уривајќи го угледот на државата.

До­кол­ку СДСМ ре­ши да не се вра­ти во Со­бра­ни­е­то, ќе има­ме ли по­го­ле­ма по­ли­тич­ка кри­за откол­ку што ја имав­ме по 24 де­кем­ври?

Димовски: Од оваа ди­стан­ца не мо­же да се про­це­ни тоа би­деј­ќи сè уште не зна­е­ме на што сè е под­го­твен СДСМ са­мо и са­мо да ни на­не­се ште­та нам ка­ко вла­де­јач­ка стру­кту­ра. За жал, не ус­пе­ва да ви­ди де­ка со сво­и­те по­стап­ки и по­ли­ти­ка, во су­шти­на, не ни на­не­су­ва ди­рект­на ште­та нам, ка­ко на свој по­ли­тич­ки опо­нент, ту­ку ѝ на­не­су­ва огром­на ште­та на Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја и на си­те гра­ѓа­ни. Впро­чем, не­го­ва­та по­греш­на по­ли­ти­ка и по­стап­ки ги гле­да­ат си­те и нам се­ко­гаш ни е по­лес­но да им се спро­тив­ста­ви­ме со со­се­ма по­и­на­ков при­стап од не­го­ви­от, со по­го­ле­ма од­го­вор­ност, со по­го­лем от­чет и со по­го­лем ква­ли­тет. Но ште­ти­те што ги на­не­су­ва, ако про­дол­жи и по­на­та­му, мо­же да има­ат го­ле­ми пос­ле­ди­ци за це­ла­та др­жа­ва и за си­те гра­ѓа­ни. Отсус­тво­то на опо­зи­ци­ја­та од пар­ла­мен­тот ќе вли­јае и на не­го­ва­та ра­бо­та, но ќе вли­јае и на впе­ча­то­кот што ќе го има­ат за Ма­ке­до­ни­ја си­те над­во­реш­ни фа­кто­ри. Ако е тоа цел­та и ако цел­та е да се ури­ва уг­ле­дот на Ма­ке­до­ни­ја, да се за­гу­би пре­по­ра­ка­та, да се бр­ка­ат ин­ве­сти­то­ри­те, то­гаш СДСМ оди ток­му по тој пат. СДСМ мо­ра да на­у­чи де­ка не­го­ви­те сла­би ре­зул­та­ти не се плод на ни­ту еден за­го­вор и на ни­ту ед­на при­чи­на за ко­ја са­ми­от збо­ру­ва, ту­ку се плод на тоа што не­ма про­гра­ма и ја­сен по­ли­тич­ки кон­цепт, не­ма кон­стант­на по­ли­ти­ка и прав­ци, не­ма ква­ли­тет­ни ка­дров­ски пред­ло­зи, има иск­лу­чи­тел­но сла­бо ли­дерс­тво, не ус­пе­ва да ја при­фа­ти и приз­нае од­го­вор­но­ста за гре­шки­те во тран­зи­ци­ја­та и не­ма ни­ка­ква стра­те­ги­ја за до­бра ко­му­ни­ка­ци­ја со јав­но­ста.

Исте­ку­ва ро­кот за вра­ќа­ње на опо­зи­ци­ја­та во Со­бра­ни­е­то.

Димовски: Тоа е неј­зи­на ра­бо­та и неј­зи­на про­це­на, но и неј­зи­на од­го­вор­ност. Јас знам де­ка во со­ста­вот на пра­те­нич­ка­та гру­па на СДСМ и на не­го­ва­та ко­а­ли­ци­ја има мно­гу од­го­вор­ни и се­ри­оз­ни лу­ѓе. Има лу­ѓе за кои лес­но мо­жам да ка­жам де­ка се па­три­о­ти и си ја са­ка­ат сво­ја­та др­жа­ва. Да­ли ќе смог­нат си­ла да ја про­ме­нат по­ли­ти­ка­та на сво­ја­та пар­ти­ја или ќе смог­нат си­ла са­ми­те лич­но да се ди­стан­ци­ра­ат од оваа по­губ­на по­ли­ти­ка, оста­ну­ва на нив и е са­мо нив­на од­го­вор­ност. Во клуч­ни мо­мен­ти во жи­во­тот и во по­ли­ти­ка­та не смее да има кал­ку­ли­ра­ње, ту­ка мо­ра да се сле­дат чо­веч­ки­те прин­ци­пи и вред­но­сти. Впро­чем, во ва­кви мо­мен­ти се гле­да си­ла­та на се­кој од нас, ка­ко гру­па, но, пред сè ка­ко един­ка. Ние по­сто­ја­но апе­ли­рам до пра­те­нич­ка­та гру­па на СДСМ да се вра­зу­ми и да пре­ста­не со де­стру­ктив­на­та по­ли­ти­ка и по­стап­ки. Овој пат, мно­гу јас­но и нед­вос­мис­ле­но тоа го пра­ви и ме­ѓу­на­род­на­та за­ед­ни­ца. Проб­ле­ми­те се ре­ша­ва­ат на ма­са, а таа ма­са, ме­та­фо­рич­ки ка­жа­но, е Со­бра­ни­е­то на Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја.

Зо­што се отка­жа СДСМ од мож­но­ста сво­и­те по­ра­ки да ги пра­ќа пре­ку со­бра­ни­ски­от ка­нал?

Димовски:  Тоа е ин­те­рес­но пра­ша­ње. Со­бра­ни­е­то на Ма­ке­до­ни­ја е единс­тве­ни­от др­жа­вен ор­ган од кој има по­сто­јан и кон­ти­ну­и­ран пре­нос на те­ле­ви­зи­ски­те екра­ни, со по­мош на кој гра­ѓа­ни­те има­ат де­та­лен увид во на­ша­та ра­бо­та. Ако се ви­сти­ни­ти твр­де­ња­та на чле­но­ви­те на СДСМ де­ка не­ма­ат до­во­лен ме­ди­ум­ски про­стор, то­гаш нив­ни­те че­сти од­лу­ки да из­ле­гу­ва­ат над­вор од ра­бо­та­та на Со­бра­ни­е­то, на­ви­сти­на, не­ма­ат ни­ка­ква ло­ги­ка. Или не ја збо­ру­ва­ат ви­сти­на­та или са­ми­те свес­но ѝ на­не­су­ва­ат ште­та на сво­ја­та пар­ти­ја. До­пол­ни­тел­но, би са­кал да наг­ла­сам де­ка со ед­ни од не­кол­ку­те из­ме­ни на ре­гу­ла­ти­ви­те што се од­не­су­ва­ат на ра­бо­та­та на Со­бра­ни­е­то од ми­на­ти­те го­ди­ни, во­ве­дов­ме ин­сти­тут Со­вет на со­бра­ни­ски ка­нал со кој тре­ба да пре­тсе­да­ва пот­пре­тсе­да­те­лот на Со­бра­ни­е­то, из­бран по пред­лог на нај­го­ле­ма­та опо­зи­ци­о­на гру­па. На овој на­чин тие и кон­крет­но и ди­рект­но мо­же да вли­ја­ат во по­до­бру­ва­ње на ме­ди­ум­ска­та об­ласт за ко­ја по­сто­ја­но го­во­рат ка­ко за проб­ле­ма­тич­на, но, очиг­лед­но, не са­ка­ат да ја при­фа­тат ка­ко пре­диз­вик на кој тре­ба да се ра­бо­ти. Ја из­би­ра­ат по­лес­на­та ва­ри­јан­та, да кри­ти­ку­ва­ат, а ни­што да не сра­бо­тат. 

(Целото интервју прочитајте го во новиот број  на Република кој е во продажба од петок, 13 јуни)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top