Извлекувањето на редоследот на избирачките листови за локалните извори е одложено поради пад на компјутерскиот систем, инфрмираат од ДИК.
Се уште, не се знае по кој ред ќе бидат напишани кандидатите за градоначалници и оние за советници во општините на избирачките ливчиња. Поради пад на компјутерскиот систем, ДИК го одложи ждребањето закажано за денеска во 11 часот.
Според најавите од таму ждрепката треба да почне после пладне и може да потрае со часови затоа што прво ќе треба да изврши ждрепка кој од кандидатите за советници или градоначалници од која општина ќе почне прв да влече од бројките во барабанот.
Во трката за градоначалници се пријавиле 268 кандидати, од кои 25 независни, а останатите се припадници на политички партии. За членови на општинските совети, пак, се поднесени 350 кандидатски листи, од кои 93 независни.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.