Украински гувернер денеска поднесе до претседателската администрација проект за изградба на ѕид со бодликава жица по границата со Русија. Предвидената должина е околу 2.000 километри.
Според Игор Коломојски, чие богатство е проценето на 1,8 милијарди долари, заштитата е неопходна „за да се избегне каков било упад од страна на државата која води агресивна политика спрема Украина“.
Коломојски во март беше назначен за гувернер на Дњепропетровска област. Проектот според него, може да биде готов за шест месеци и се однесува на целосната должина на границата со Русија. Вредноста на проектот е околу 100 милиони долари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.