Историјата на македонските влади почнува со Никола Кљусев. Тој е првиот македонски премиер, кој ја предводеше техничката владата во 1991 година. Владата беше избрана по воведувањето на политичкиот плурализам и по одржувањето на првите повеќепартиски парламентарни избори во 1990 година. Избрана е од Собранието на Република Македонија на 20 март 1991 година. Оваа влада ќе биде запаметена како влада во чијшто мандат е одржан референдумот за независност на Македонија и е усвоен Уставот на Република Македонија.
Познатиот македонски економист Кљусев почина во 2008 година. Во текот на неговиот мандат беше воведена македонската валута, а беше формирана и Армијата на Република Македонија. Неговата политичка кариера продолжи и по премиерскиот мандат, кој траеше кратко – во август 1992 година е изгласана недоверба на владата. Во 1994 година беше избран за претседател на Националната конвенција на Македонија и на Советот на ВМРО-ДПМНЕ во 1997 година. Во периодот од декември 1998 година до јули 2000 година беше министер за одбрана во владата на Љубчо Георгиевски, а во 2006 година беше именуван за претседател на Управниот одбор на Агенцијата за директни странски инвестиции.
Составот на Владата од 1991 година
- Премиер: Никола Кљусев
- Вицепремиери: Блаже Ристовски, Јован Андонов, Бекир Жута
- Надворешни работи: Денко Малески
- Одбрана: Ристо Дамјановски (Трајан Гоцевски, јануари 1992)
- Внатрешни работи: Јордан Мијалков (Љубомир Фрчкоски, јануари 1992)
- Правда: Ѓорѓи Наумов
- Финансии: Методија Тошевски
- Економија: Стојан Трајановски
- Развој: Гоце Петрески
- Урбанизам: Александар Лепавцов
- Земјоделство: Иван Ангелов
- Труд и социјална политика: Илијаз Сабриу
- Образование: Димитар Димитров
- Наука: Ѓорѓи Ефремов
- Култура: Цветан Грозданов
- Здравство: Перко Колевски
- Информација: Мартин Треневски
- Без ресор: Јане Миљовски, Илија Андонов – Ченто, Алаетин Тоска, Љубомир Фрчкоски
И по Бранко, Бранко

Бранко Црвенковски
Доаѓа младиот премиер, дваесет и девет годишниот Бранко Црвенковски. Ова е првата политичка влада избрана на 4 септември 1992 година. Оваа влада го доврши мандатот на техничката влада и владее до 20 декември 1994 година. Црвенковски задржа голем дел од министрите од претходната влада, меѓу кои вицепремиерите Јован Андонов и Бекир Жута, Љубомир Фрчковски, Денко Малески. Голем дел од министрите по завршувањето на мандатот беа професори на државниот универзитет. Долги години по министерувањето, студентите полагаа кај Владо Поповски, Љубомир Фрчковски, Денко Малески, Софија Тодорова, Љубе Трпески, Димитар Бајалџиев, Јане Миљоски… Љубе Трпески, пак, беше гувернер на НБРМ. Во февруари 2008 година беше осуден на четири и пол години затвор за злоупотреба на службената должност. Трпевски беше кривично гонет затоа што на бизнисменот Смиленски му префрлил 40 милиони долари за купување обврзници. Ексгувернерот, по наредба од владата на Љубчо Георгиевски, му префрлил пари на Смиленски. Врховниот суд во јануари 2010 година ја укина пресудата за случајот со кој Трпески и Смиленски беа осудени на 4,5-годишна казна затвор за злоупотреба на пари од државните резерви, по што ексгувернерот беше пуштен дома. Во оваа влада имаше две министерки, двете професорки од Правниот факултет. Софија Тодорова го предводеше Министерството за развој, кое подоцна се укина, а Гордана Силјановска беше министерка без ресор. Туше Гошев по министерувањето работеше како адвокат, професорите се вратија на факултетите. Стево Црвенковски остана во политиката, како советник на Киро Глигоров, како потпретседател на една од наредните влади, како амбасадор во Лондон. Почина во 2004 година. Починаа и Беќир Жута и Ефтим Анчев. На Петруш Стефанов му се судеше за злоупотреба на службена положба. Антони Пешев е дел од Стопанската комора на Македонија, каде што е потпретседател. Јован Тофовски, пак, потоа работеше како директор на гинеколошко-акушерската клиника.
Составот на Владата од 1991 година
- Премиер: Бранко Црвенковски (СДСМ)
- Вицепремиери: Стево Црвенковски, Јован Андонов, Бекир Жута (ПДП)
- Одбрана: Владо Поповски (СДСМ)
- Внатрешни работи: Љубомир Фрчкоски (СДСМ)
- Правда: Туше Гошев
- Надворешни работи: Денко Малески (СДСМ)
- Финансии: Џевдет Хајредини (ПДП)
- Економија: Петруш Стефанов
- Развој: Софија Тодорова
- Урбанизам: Антони Пешев
- Земјоделство: Ефтим Анчев
- Образование: Димитар Бајалџиев (СДСМ)
- Наука: Аслан Селмани
- Култура: Ѓунер Исмаил
- Здравство: Јован Тофовски
- Без ресор: Јане Миљовски, Љубе Трпески, Гордана Силјановска, Сервет Авзиу (ПДП)
Откако ѝ заврши мандатот на првата политичка влада, имаше нови избори. И по Банко повторно дојде Бранко. Неговата влада владееше од 20 декември 1994 година до 30 ноември 1998 година, со две реконструкции на владата, во февруари 1996 година и мај следната година. Професори доминираа и во оваа влада, а еден дел беа и од претходната со двегодишен мандат. Хајредини во министерската фотелја седна во септември 1992 година и ресорот го менаџираше до крајот на 1994 година. Џевдет Хајредини по 22 години независност е единствениот албански министер што ги менаџирал државните финансии. Емилија Симоска е редовен професор на предметот политичка култура и комуникации. За Филипче имаше афера дека бил вмешан во корупциски. Поднесе оставка, а пет години подоцна стана директор на Клиниката за уво, нос и грло. Благоја Ханџиски остана во политиката, како амбасадор во Грција. Владо Поповски имаше пауза од владина функција во периодот на владеење на Љубчо Георгиевски, по што во 2002 година повторно се врати како министер без ресор.
Составот на Владата во 1994 година
- Премиер: Бранко Црвенковски (СДСМ)
- Надворешни работи: Стево Црвенковски
- Правда: Владо Поповски
- Одбрана: Благој Ханџиски
- Внатрешни работи: Љубомир Фрчкоски
- Финансии: Јане Миљовски
- Економија: Ристо Иванов
- Урбанизам: Јорго Шундовски
- Развој: Бекир Жута
- Транспорт и врски: Димитар Бузлевски
- Наука: Софија Тодорова
- Култура: Ешреф Алиу
- Образование: Емилија Симоска
- Здравство: Илија Филипче
- Земјоделство: Иван Ангелов
- Труд и социјална политика: Илијаз Сабриу
- Без ресор: Ѓунер Исмаил, Сашко Стефков, Љубе Трпески, Мухамед Халили
Во 1996 година имаше 13 промени. Беа донесени нови имиња, а некои од старите беа ротирани. Па така Софија Тодорова го остави Министерството за развој и отиде во Министерството за образование. Во нејзино време беа и најголемите студентски протести. Таа остана како професор на Правниот факултет по предметите применета економија и маркетинг. Економски предмети на истиот факултет држеше и нејзиниот колега од владата Јане Миљоски. Колега на факултет им беше и Чокревски, кој минатата година беше лустриран, исто како и претходникот во овој сектор, Љубомир Фрчкоски. Никола Паракеов почина, Слободан Унковски денес се занимава со режија, Таки Фити беше декан на Економскиот факултет.
Промени со реконструкцијата во 1996 година
- Надворешни работи: Љубомир Фрчкоски
- Внатрешни работи: Томислав Чокревски
- Финансии: Таки Фити
- Економија: Бекир Жута (ПДП)
- Развој: Абдименаф Беџети (ПДП)
- Наука: Аслан Селмани
- Култура: Слободан Унковски
- Образование: Софија Тодорова
- Земјоделство: Никола Паракеов
- Труд и социјална политика: Насер Зибери
- Без ресор: Љубе Трпески, Јане Миљовски, Џемаил Хајдари, Владо Наумовски
По втората реконструкција по една година се направени осум измени. Димитар Бузлевски, кој беше прв човек во Министерството за транспорт и за врски, стана министер без ресор. Тој остана активен во политиката како пратеник и како градоначалник на Ресен. На последните локални избори не се согласи со политичките одлуки на Бранко Црвенковски, по што се кандидираше за градоначалник како независен кандидат. И битолчанецот Томе Тромбев својата политичка кариера ја продолжи како пратеник. Неговото име, заедно со Киро Докузовски беше споменувано во групата луѓето што заедно со поранешната министерка за образование Тодорова и со Никола Поповски, поранешен министер за финансии, во 2012 година ја осмислуваат стратегија на широкиот опозициски фронт против власта. Златка Поповска, кадар на СП партија и вдовица на потпретседателот на Собранието Киро Поповски, предаваше макроекономија на Економскиот факултет во Скопје.
Промени по реконструкцијата во 1997 година
- Надворешни работи: Благој Ханџиски
- Одбрана: Лазар Китановски
- Економија: Борис Рикаловски
- Урбанизам:Томе Тромбев
- Здравство: Петар Илиевски
- Земјоделство: Киро Докузовски
- Без ресор: Димитар Бузлевски, Златка Поповска, Џемаил Хајдари (ПДП), Владо Наумовски
Љубчо и реконструкциите
По Бранко дојде Љубчо, кој остана на власт само еден мандат, од 1998 година до 2002 година. Ова е влада со многу реконструкции – двапати во 1999 година, двапати во 2000 година, потоа во мај 2001 година, кога е формирана широка коалиција за спас на Македонија во чијшто состав влегува и СДСМ и, на крај, во ноември 2001 година министрите од СДСМ поднесуваат оставки. Ова е влада со најмногу министри.

Милијана Даневска, влезе во дипломатијата, но се откажа ангажирајќи се во хуманитарна организација. Доста Димовска се одвои од Љубчо, формираше своја партија ДРУМ. На 25 февруари 2002 година беше назначена за директорка на Агенцијата за разузнавање, а функцијата ја напушти по една година. Беше пратеничка, а од почетокот на 2007 година беше директорка на Културно-информативниот центар на Македонија во Софија. Почина во 2011 година. Радмила Кипријанова – Радовановиќ остана во парламентот, како и Павле Трајанов, Марјан Ѓорчев, Борис Стојменов… Никола Груевски тогаш беше избран за министер за трговија, финансии и се покажа како еден од најдобрите менаџери. Мерие Рушани стана амбасадорка на Република Македонија во Рим, амбасадорско место доби и Александар Димитров. Душко Кадиевски ја доби Регулаторната комисија за домување. Душко Кадиевски ја доби Регулаторната комисија за домување. Жарко Чадо е во Словенија, а многу работи останаа неразјаснети.
Состав на Владата во 1998 година
- Премиер: Љубчо Георгиевски
- Вицепремиери: Доста Димовска, Радмила Кипријанова – Радовановиќ (ДА)
- Надворешни работи: Александар Димитров (ДА)
- Одбрана: Никола Кљусев
- Правда: Владо Камбовски (ДА)
- Внатрешни работи: Павле Трајанов (ДА)
- Финансии: Борис Стојменов
- Економија: Жанко Чадо (ДА)
- Развој: Милијана Даневска
- Трговија: Никола Груевски
- Транспорт: Боби Спирковски (ДА)
- Градежништво: Душко Кадиевски
- Земјоделство: Владимир Џабирски
- Труд и социјална политика: Бедредин Ибраими (ДПА)
- Животна средина: Тони Поповски (ДА)
- Здравство: Стојан Богданов
- Образование и физичка култура: Ненад Новковски
- Наука: Мерие Рушани (ДПА)
- Култура: Димитар Димитров
- Информации: Реџеп Златку (ДПА)
- Спорт и млади: Георги Боев
- Локална самоуправа: Џевдет Насуфи
- Иселеништво: Мартин Треневски
- Без ресор: Ѓорѓи Наумов, Аднан Кахил (ДА), Ернад Фејзулаху (ДПА)
Реконструкција во мај 1999 година
- Економија: Михајло Толевски
- Земјоделство: Марјан Ѓорчев
- Здравство: Драган Данаиловски
- Без ресор: Радован Стојкоски

Со реконструкцијата свое место доби и Васил Тупурковски, кому подоцна му се судеше за тајванските кредити, заедно со Јован Андоновски од владата на Црвенковски. Свое место доби и Љубен Пауновски, кој, исто така, заглави во судските ходници. Беше обвинет дека кога беше министер за одбрана префрлил пари на фирмите на неговите тест и баџанак за набавка на прехранбена стока за армијата и за изградба на станови. Во затвор е и Љубе Бошковски, кој по министерувањето заглави во затворот во Шевенинген, а по враќањето му судеа македонските судови. Ганка Самоиловска – Цветанова се изгуби од јавност. Се пишуваше за нејзината врска со Сашко Кедев, кој беше кандидат за претседател на Македонија. До 2005 година беше активна во партијата, а сега работи како професор на Музичката академија во Скопје. И Ненад Новковски е професор. Тој предава на Природно-математичкиот факултет. Трајко Славевски се посвети на професорската улога на Економски факултет. Марјан Додовски премина во ВМРО-НП, кај Љубчо Георгиевски, беше и претседател на партијата во еден период, но се врати во старото јато. Како пратеник од ВМРО-НП беше активен и Ѓорги Оровчанец, кој потоа се посвети на здравството. Иџет Мемети со години ја има улогата народен правобранител. Зоран Крстевски е одговорен за авионскиот сообраќај.

Реконструкција во декември 1999 година
- Вицепремиер: Васил Тупурковски (ДА)
- Правда: Џевдет Насуфи (ДПА)
- Внатрешни работи: Доста Димовска
- Финансии: Никола Груевски
- Економија: Борко Андреев
- Трговија: Милијана Даневска
- Развој: Трајко Славевски
- Култура: Љубен Пауновски
- Образование: Гале Галев
- Наука: Ненад Новковски
- Информации: Веби Беџети (ДПА)
- Локална самоуправа: Џамаил Саити (ДПА)
- Без ресор: Аднан Кахил (ДА), Ернад Фејзулаху (ДПА)
Реконструкција во јули 2000 година
- Одбрана: Љубен Пауновски
- Транспорт и врски: Љупчо Балкоски
- Култура: Ганка Самоиловска – Цветанова
- Образование и наука: Гале Галев
- Локална самоуправа: Џамаил Саити (ДПА)
- Без ресор: Ернад Фејзулаху (ДПА)
Реконструкција во ноември 2000 година
- Вицепремиер: Зоран Крстевски (ЛПМ)
- Надворешни работи: Срѓан Керим (ЛПМ)
- Економија: Бесник Фетаи
- Образование и наука: Ненад Новковски
- Животна средина: Марјан Додовски
Реконструкција во мај 2001 година
- Вицепремиери: Џевдет Насуфи (ДПА), Кемал Муслиу (ДПА, од 2001), Зоран Крстевски (ЛПМ), Илија Филиповски (СДСМ)
- Надворешни работи: Илинка Митрева (СДСМ)
- Одбрана: Владо Бучковски (СДСМ)
- Правда: Иџет Мемети (ДПА)
- Внатрешни работи: Љубе Бошкоски
- Животна средина: Владимир Џабирски
- Здравство: Петар Милошевски (ЛДП)
- Локална самоуправа: Фаик Аслани (ДПА)
Реконструкција во ноември 2001 година
- Вицепремиер: Доста Димовска
- Надворешни работи: Слободан Чашуле (Нова демократија)
- Одбрана: Владо Поповски (ЛПМ)
- Здравство: Ѓорѓи Оровчанец (НД)
Продолжува…
Некогаш министри, денес некои по струка, други пратеници, трети в зандана (втор дел)
Пишува: Билјана Зафирова
Фото: Ѓорги Личовски
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Новоизбраните мнистри денеска ја преземаат функцијата
-
Пратениците ги изгласаа новите четворица министри во Владата
-
Новите министри утре ќе бидат предложени до Парламентот
-
Министрите на СДСМ го кршеа изборниот законик на секој чекор: Државните ресурси беа ставени во функција на изборите и се купуваа гласови (галерија)


