| четврток, 6 декември 2018 |

Раде Шербеџија доби македонско државјанство, а наесен почнува со снимање на „Ослободувањето на Скопје“

Министерката за култура, Елизабета Канческа-Милевска, се сретна со актерот и режисер Раде Шербеџија, чиј филм „Ослободување на Скопје“ ќе се снима на повеќе локации во Македонија. Шербеџија најави дека се одбрани локации во Битола и во Велес, а кастингот сѐ уште се заокружува, така што единствено е сигурна неговата партнерка, актерката Силвија Стојановска.

Rade Serbedzija 07 (Custom)

Раде Шербеџија денеска и официјално го добил македонското државјанство што му го издаде МВР на негово барање. Тој рече дека секаде во светот го препознавале по улогата на Александар во филмот „Пред дождот“, па државјанството му доаѓа многу природно.

– Македонското државјанство ми е некако природен пат, што се однесува до мене и до Македонија и тој менталитет. Цел живот ја сакам таа музика и направив многу адаптации на тие песни, цел живот се дружев со моите пријатели од Македонија и бев особено заразен со таа драма „Ослободување на Скопје“ од Душан Јовановиќ.

Rade Serbedzija 05 (Custom)

Филмскиот фонд на Македонија во 2012 година му додели на Раде Шербеџија 500 илјади евра за да го режира филмот „Ослободување на Скопје“. Ова е прв режисерски филмски проект на Шербеџија. Се работи за копродукција меѓу Македонија и Хрватска, (Lijeni Film). Продуцент од земјава е „Партизанс“ и Роберт Насков.

Филмот ќе почне да се снима на локации во Македонија, главно во Битола. Една од главните улоги ги толкува Силвија Стојановска. Музиката е на Влатко Стефановски.

 

Проектот „Ослободување на Скопје“ е поддржан од страна на Агенцијата за филм на РМ, во копродукција со Република Хрватска (Lijeni Film), а продуцент на филмот од Република Македонија е продуцентската куќа „Партизанс“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top