| четврток, 6 декември 2018 |

Богатиот живот на водството на СДСМ во „диктатура”

Челните луѓе на СДСМ со постојани напади кон власта дека таа практикува диктатура. Но доколку се погледнат анкетните листови, не повеќе туку на првите двајца луѓе во СДСМ, Зоран Заев и Радмила Шекеринска, по раскошот и имотот со кој располагаат лидерите на опозицијата, не само што нема ниту Д од диктатура туку водат неколкукратно подобар живот од сите просечни граѓани. Еве како изгледа животот во диктатурата како што Шекеринска и Заев се обидуваат да ја претстават. Според анкетниот лист Шекеринска заедно со нејзиниот брачен другар имаат четири стана, од кои едниот е со површина од 178 м2, истиот кој нејзиниот сопруг си го изнајмува самиот на себе, за што добива дополнителни 5 илјади евра месечно, или годишно приближно 4 милиони денари. Истовремено Радмила Шекеринска е љубител и сопственик на повеќе уметнички колекционерски предмети и уметнички слики за чијашто вредност нема внесено податоци.

Sekerinska Anketen

Истовремено во медиумите неодамна се отвори и сторија дека брачниот пар Шекеринска-Јанковски има непријавена вила во Маврово вредна над 100 илјади евра, а тука е и огромниот бел митсубиши џип во кој беше забележана Шекеринска како се вози низ скопските улици.

Но во ништо не заостанува и првиот човек на СДСМ Зоран Заев, кој има многу повеќе од неговата сопартика. Човекот, кој секој збор му е напад за постоење на диктатура, со неговото семејство поседува бизнис-империја во Стумица и регионот. Меѓу другото, тој како заеднички имот пријавил и куќа од 400 квадрати, стан, деловен простор, земјоделско земјиште.Zaev anketen list

А за време на кампањата медиумите забележеа дека на собирите со граѓани додека збореше за средната класа пристигнуваше со „ауди а8“, што инаку нов чини осумдесетина илјади евра. zaev-audi

Тој неодамна запрашан колку финансиски тежи семејството Заеви, неможејќи точно да пресмета, кажа дека тежи 6 до 7 милиони евра. Гледано по удобниот живот и натпросечното богатство на раководството на СДСМ, по ништо не може да се забележи дека овие луѓе живеат во диктатура.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top