| четврток, 6 декември 2018 |

Харисон Форд се повреди на снимање

Harrison_Ford_2011

Американскиот актер Харисон Форд, кој учествува во снимањето на седмата епизода од серијата филмови „Војна на ѕвездите“, посериозно се повреди на снимање и итно е префрлен во болница.

Форд (71) има скршен зглоб на ногата откако вратата од една гаража се урна врз него. Веднаш е побарана интервенција на Службата за итна помош, која со хеликоптер го префрлила во една болница во реонот на Оксфорд.

Инциднетот се случил вчера доцна попладне, во лондонските студија на „Пајнвуд“, каде што се снима најновата верзија на ова филмско остварување.

За случајот е отворена и истрага откако била повикана и полицијата.

Претставник на компанијата „Лукасфилм“ изјави дека Форд ќе заздравува извесно време, но до неговото враќање на сетот ќе продолжи снимањето според предвидената динамика.

Харисон Форд ја имаше главната машка улога во првите три, оригинални филма од „Војна на ѕвездите“ играјќи го ликот на Хан Соло. Покрај него настапија уште и Кери Фишер и Марк Хармил.

Тие двајцата сега се појавуваат и во продолжението од серијата. Седмата епизода на „Војна на ѕвездите“ е првиот филм од новата трилогија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top