Фудбалерот на Барселона, Цеск Фабрегас, премина во редовите на Челси откако вчера потпиша четиригодишен договор со лондонскиот клуб. Тој ќе го носи дресот со број 4, а првиот тренинг во кампот на „сините“ ќе го има по завршувањето на Мундијалот.
Фабрегас се поврзуваше со трансфер во неговиот поранешен клуб Арсенал, но шпанскиот репрезентативец реши неговата кариера да продолжи во градскиот ривал на „топџиите“.
– Најпрвин сакам да им се заблагодарам на сите во Барселона за сѐ што направија за мене во последните неколку години. Не чувствувам притисок што се враќам во Премиер- лигата. Долго време размислував и сфатив дека Челси е најдобрата опција за мене во овој момент. Се надевам дека ќе освојам многу трофеи со мојот нов клуб – изјави Фабрегас.
Челси ќе ѝ плати 33 милиони евра на Барселона за трансферот, но висината на финансиската оштета може да порасне за дополнителни 10 милиони евра во зависност од настапите на Фабрегас во синиот дрес во првите две сезони.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


