Косово во минатото произведувало скапоцени метали, пред се, злато, но поради воените дејствија и оштетувањата во металугискиот комбинат „Трепча“, злато веќе не се произведува. Експертот од оваа област Шиќири Келменди потврдува дека „Трепча“, во перидот 1945-1990 година проозвела вкупно 10.700 килограми злато со висок степен на чистота.
Според него, „Трепча“ годишно произведувала 200 до 560 килограми злато или просечно годишно по 238 килограми. По косовската војна во „Трепча“ не е прозведен ниту грам злато, но затоа, како што пренесуваат медиумите на Косово, во првиот квартал од годинава продолжува со рекодното производство.
Во првите шест месеци прозведени се 4.720 тони концентрат, од кои 3.150 се извезени, додека вкупните приходи изнесуваат над 15 милиони евра.
Според Бислим Муча, советник на менаџерот на „Трепча“, косовскиот гигант минатата година произвел рекордни 186 илјади тони олово и цинк, а по збогатувањето на овие руди добиени се 14.500 тони концентрат на олово и цинк.
Се проценува дека рудникот „Трепча“ располага со 63,3 милиони тони олово- цинкова руда.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Органите на Приштина на Север од денеска не постојат: Протести во Митровица, градоначалниците поднесоа оставки!
-
Милионски штети: Србија пресмета колку ќе изгуби поради блокираната трговија со Косово
-
Се одмаздуваат на Србија: Косово воведува 100 проценти царина на српската роба
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации