Советот на ЕУ го продолжи мандатот на мисијата Еулекс на Косово до 14 јуни 2016 година, по размената на писма меѓу косовската претседателка Атифете Јахјага и високата европска претставничка за надворешна политика и безбедност Кетрин Ештон. Во соопштението на Советот на ЕУ се наведува дека Еулекс во следните две години ќе го забрза преносот на активности врз другите европски тела и врз локалните институции, како и дека ќе се фокусира врз развојот на капацитетите на Косово и безбедноста.
Еулекс, исто така, ќе се грижи за спроведување на договорот што во дијалогот го постигнаа Белград и Приштина за северот на Косово. Еулекс треба постепено да ги напушта своите извршни функции во областа на правосудството, но ќе продолжи да го следи развојот на владеењето на правото на Косово.
Мисијата Еулекс беше покрената во 2008 година за да ги следи косовските власти дали го воспоставуваат владеењето на правото, особено кога станува збор за полицијата, судовите и царината.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Органите на Приштина на Север од денеска не постојат: Протести во Митровица, градоначалниците поднесоа оставки!
-
Милионски штети: Србија пресмета колку ќе изгуби поради блокираната трговија со Косово
-
Се одмаздуваат на Србија: Косово воведува 100 проценти царина на српската роба
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации