Рафаел Надал очигледно се уште ја слави рекордната деветта титула од Ролан Гарос, а шансата си ја искористи германскиот тенисер Дастин Браун и на сензационален начин го декласира подобриот од себе. Браун го елиминира Надал од турнирот во Хале со победа од 6-4, 6-1.
Во вториот сет на 14-кратниот гранслем шампион дури му се закануваше и пораз од 0-6, но Надал сепак освои еден од своите сервиси во финишот за да не биде бламажата комплетна. Ова беше прв меч за него по освојувањето на титулата во Париз на Ролан Гарос.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.