Поради колапсот на американската инвестициска банка „Леман брадерс”, што предизвика најголема финансиска криза уште од Големата депресија, поранешниот британски премиер Гордон Браун изјави дека светот остана без водство и дека сега влегува во период на слабост.
„Ние сме на работ од влезот во нова криза”, изјави Браун за „Гардијан“. „Ќе има потреба од сериозно освестување за влошувањето на можните ризици, но во светот моментно нема лидер”.
Браун рече дека глобалната економија не успеала да воведе систем за предупредување и систем за следење на финансиските текови кои ќе покажат каде се позајмени парите и под кои услови.
Тој исто така напомнува дека акциите против финансиските злоупотреби не беа доволно силни, поради што многу банки сметаат дека ќе излезат од претстојната криза.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.