Полициите на Албанија и Косово во четвртокот разбија опасна банда која се занимавала со шверц со дрога и оружје, соопштило албанското МВР. Во албанскиот град Мамурас во една трикатна вила откриено е седиштето, но и лабораторија за дрога на бандата каде се запленети 57 килограми кокаин, 18 килограми хероин, 150 килограми марихуана, потоа оружје и блиндирани возила.
Акциите против оваа банда се реализирани и во градовите Грач и Лежа, наведува истиот извор, а во акцијата се притворени неколку албански државјани. Медиумите во Тирана јавуваат дека и во Косово членови на бандата се притворени и кај истите запленети се над 50 килограми кокаин и повеќе килограми други полесни дроги.
Акцијата на полициите продолжуваат и се оценува дека е откриена една од најголемите банди на шверц со дрога и муниција. Во аеродорот Ринаси кај Тирана во средата во вечерните часови е уапсен еден колумбиски државјанин за кој има сомнежи дека е клучен човек кој дошол по парите од 250-те килограми кокаин кои се запленети деновиве во Црна Гора, а кои требало наводно да се внесат во Албанија, јавуваат албанските медиуми.
Кога сме кај дрогата, албанската полиција во последните три дена извршила уништување на над 20 илјади стебла марихуана во повеќе локации во земјата
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Органите на Приштина на Север од денеска не постојат: Протести во Митровица, градоначалниците поднесоа оставки!
-
Милионски штети: Србија пресмета колку ќе изгуби поради блокираната трговија со Косово
-
Се одмаздуваат на Србија: Косово воведува 100 проценти царина на српската роба
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации