| четврток, 6 декември 2018 |

Се жени првиот човек во премиерскиот кабинет

Деновиве во јавноста проструија информации за нова свадба во македонскат политика според кои наскоро ќе се жени Мартин Протоѓер, шеф на кабинетот на премиерот Груевски .

Негови блиски пријатели  за „Република“  денеска потврдија дека веридбата веќе се случила и дека во текот на летото ќе има свадба. Тие велат дека парот се запознал во  друштво на заеднички пријатели кои што не се дел од јавниот или политичкиот живот во земјава.

Вљубената двојка се познава подолго време а свадбата ќе се случи по неколкумесечна врска која кулминирала со романтична понуда за брак.

Изворите на Република не сакаат да откријат детали за животната сопатничка на Протоѓер кој е познат како еден од македонските политичари кои се обидуваат да избегнат медиумска експонираност.

Пријателите на Протоѓер велат дека  не сакал да ги меша приватните работи со јавните обврски и дека во обид да ја заштити нивната приватноста  не сакал во јавноста да зборува на таа тема .

Засега е познато само дека идната брачната другарка на Протоѓер е вработена во Министерство за надворешни работи и дека е психолог по професија.

Протоѓер важи за еден од најбликите соработници на премиерот Груевски, има 33 години до пред две години беше Генерален секретар на владеачката партија.

Во моментов тој е шеф на канцелијата на  Претседателот на владата на Република Македонија и прењтседател на Стратешката комисија на ВМРО ДПМНЕ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top