Интер против Милан, вечерва од 20,45 часот, во фудбалска битка за Милано. Овојпат на „Џузепе Меаца“ бидејќи привилегијата да биде домаќин го има Интер. Стадионот е ист, но имињата се различни. Кога Милан го организира мечот тогаш сте на „Сан Сиро“.
Наједноставо е да кажете дека сте на дербито „Дела Мадонина“.
Скудетото е речиси недостижно за двете екипи, бидејќи заостатокот и на Милан (44 бода) и на Интер (43), зад лидерот Јувентус (55) е со двоцифрен број на бодови. Сепак тоа не ја менува работата кога во прашање се ривалите од Милано. Се игра макар и за престиж, а овојпат и битката за третата позиција е императив за двата состави. Таа позиција гарантира настап во ЛШ идната сезона.
Посебна тежина на 180. меѓусебен дуел на двете екипи му дава и контроверзниот напаѓач Марио Балетоли, кој е поранешен играч на Интер, а вечерва ќе настапи во дресот на Милан.
Статистиката вели дека неговиот поранешен тим Интер е поуспешен со 67 победи наспроти 60 на Милан со 52 нерешени исходи. И гол разликата е во корист на „нероаѕурите“ во однос 261-241. Вкупно во сите рангови на натпреварувања ова е 294 натпревар на градските ривали.
Двајцата тренери, Страмачиони кај Интер и Алегри на клупата на Милан ќе имаат потешкотии во составувањето на тимовите, бидејќи кај Интер ќе недостасуваат повредениот Милито и суспендираниот Переира, додека во составот на Милан ќе ги нема Ночерино, Фламини и Најџел Де Јонг.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации
-
Семејството скршено од тага пристигна на стадионот- сопругата на Вичај од овој детаљ ќе се струполеше на земја
-
Десната рака на газдата, убавица од Тајланд и пилотите… кои беа жртвите од несреќата на „Кинг Пауер“?(Видео)
-
Модриќ: Гризман ја заслужува „Златната топка“