| четврток, 6 декември 2018 |

Македонскиот туризам пред финските тур-оператори

финска 3 Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот (АППТ) во Хелсинки пред повеќе од 25 тур-оператори од Финска го претстави туристички потенцијал и можностите што ги нуди Република Македонија за туризам и за странски директни инвестиции.

Директорот на АППТ Кристијан Џамбазовски ги презентира условите што ги нуди Владата на Република Македонија за инвестирање во туристичките равојни зони, а на средбата учествуваше и економскиот промотор за Шведска и за Финска, Мирјана Наумоска.

финска– Работиме напорно за процентот на задоволни туристи од посетата на Република Македонија да надмине 90 отсто. Директните средби со бизнис и со туристичката елита при посетата на Хелсинки, Финска, се мал дел од тие напори – појасни   Џамбазовски.

Тој посочи дека во Финска одржале низа средби со клучните играчи од туризмот од претходно  таргетираните држави.

– Се среќаваме со тамошните туристички агенции, тур-оператори и новинари, ја презентираме Македонија со сиот нејзин потенцијал во најубаво светло, подготвуваме дегустација на македонска храна и вино и организираме информативни патувања низ Македонија. Ова е само една од алатките од кои очекувам Македонија да има зголемување на бројот на туристи – додаде Џамбазовски.

Досега, нагласува, интересот е многу поголем од очекуваното.

– Во преговори сме со неколку значајни нови имиња од туристичката мапа, со што растат шансите бројот на странски гости до крајот на годината да достигне до половина милион. Тоа  е енормно зголемување во споредба со изминатите години – рече Џамбазовски.

финска1Економскиот промотор Наумоска посочи дека Агенцијата за странски инвестиции во соработка со Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот направија успешен настан во Финска.

– Професионално завршената работа секогаш резултира со успех. Јас верувам во тимската работа и дека само на тој начин можеме да имаме целосен продукт. Скандинавските земји се интересен и финансиски стабилен пазар, отворен за нови предизвици. Во Македонија гледаат голем потенцијал, а на овој начин ние се обидуваме да им ги разјасниме дилемите што ги имаат, да ги поддржиме и правилно насочиме кон целта – рече Наумоска.

Ова е второ претставување на Република Македонија на директни бизнис средби, а во наредниот период следуваат и други слични вакви активности за промоција на државата. Пред две недели потенцијалот на Македонија беше презентиран и пред туристичките работници и медиуми во Бугарија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top