Жена од Квинсленд (23), која својата четиригодишна ќеркичка речиси четири години ја „труела” со лекови против рак за да стане популарна на Фејсбук, осудена е на шест години затвор, пренесува АФП.
Таа жена чие име не е наведено во интерес на нејзината ќерка, била активен член на групата „Борба за живот” на Фејсбук и уживала во вниманието и сожалувањето на останатите бројни членови на истата група како и пријателите.
На својата ќерка и давала штетни лекарства кои воопшто не и’ биле потребни бидејќи била сосема здрава, а кога лековите ќе почнеле да делуваат и детето да плаче и да се превиткува од болки – ја фотографирала и тие фотографии ги објавувала во групата.
Мајката кога се освестила за тоа што и’ го прави на ќерка си, го признала својот злочин и навела дека лековите ги купувала преку интернет.
– И давала на својата сопствена ќерка лекарства знаејќи дека тие сериозно ќе и’ наштетат – изјавува обвинителот Глен Кеш.
– Мора да бидете свесни за сериозноста на штетата која и’ ја нанесовте на вашата ќерка – изјавил судијата Тони Рафтер и додал дека животот на детето бил доведен во опасност и девојчето претрпело ужасни болки. Казната е мала бидејќи се утврдило дека мајката страда од ментално пореметување.
Судијата Рафтер им го доделил девојчето на грижа на бабата и дедото кои на драго срце го прифатиле. Изминатите неколку месеци, колку што траел судскиот процес, девојчето започнало да закрепнува.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ако имате еден од овие телефони веднаш да го смените: Ова е спискот на телефони кои најмногу зрачат
-
Лекари зрачеле погрешна жена и ѝ предвидувале скора смрт
-
Вистински борец: Актерката по хемотерпијата вежба во теретана
-
Не е замрен и напуштен: Во Чернобил се гради најголемата бетонска капа на светот (ВИДЕО)



