| четврток, 6 декември 2018 |

Ако Шкотска се отцепи, за влез во ЕУ ќе ја чека Македонија

skotska

Британскиот премиер, Дејвид Камерон, изјави дека ако Шкотска сака независност, тогаш за влез во ЕУ ќе мора да застане во редот на дното зад земјите што чекаат влез во ЕУ, односно зад Србија, Црна Гора и зад Македонија, пишува „Хафингтон пост“. Камерон изјавил дека Шкотите што живеат во останатиот дел од Велика Британија нема да бидат во можност да гласаат на референдумот за независност на Шкотска во септември. ЕУ ги категоризира Србија, Црна Гора и Македонија како земји-кандидати, што значи дека се во процес на интегрирање на своите закони со ЕУ. Камерон предупредува дека ризиците од поделбата се многу големи.

– Ако Шкотска прогласи независност, тоа значи дека таа веќе нема да биде земја-членка на ЕУ и дека ќе мора повторно да аплицира за влез во ЕУ и како самостојна држава ќе мора да исполнува одредени задачи зададени од ЕУ, како што е тоа и за другите земји, како, на пример, за земјите од Западен Балкан што веќе се на пат кон членство. Јас искрено се надевам дека граѓаните на Шкотска ќе кажат не на овој референдум и ќе останат во Обединетото Кралство. Мислам дека сме успешно семејство на народи, дека сите носат нешто свое во Обединетото Кралство и дека ќе останеме заедно. Мислам дека ризиците со евентуалната поделба се многу големи – рече Камерон.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top