| четврток, 6 декември 2018 |

Адвокатите се најдобри во кревет, а најлоши се…

predigra1-efd12c5a

Сексуалниот  живот со партнерот влегол во рутина и ви станува здодевно? Да не е тој можеби сметководител?

Вашето занимање зборува многу повеќе одошто мислите, барем така тврдат резултатите на новата австралиска студија.

Имено, околу 17 илјади испитаници одговориле на прашањето за однесувањето во сексот и своите занимања. Изведените статистики се и повеќе од интересни.

Студијата покажува дека во кревет се најдобри трговците, адвокатите, агентите за недвижнини, доставувачи на стока и курири. Вработените во финансискиот и во ИТ секторот не се прославиле многу во спроведената анкета.

Австралијанците што се вработени во правосудството се најзадоволни од својот сексуален живот (дури 54 отсто). Од друга страна, дури половина запослени во ИТ и телекомуникацискиот сектор не се задоволни од активностите во својата спална соба.

Интересни податоци се изведени за одредени професии.

Имено, тие што работат во секторот финансии имаат сексуален однос долг неколку минути и баш како и работниците во градежништво, склони се на секс на првиот состанок.

Агентите со недвижнини имаат репутација на женскари, поради податокот дека 44,7 отсто спиело со повеќе од 21 лице во текот на животот.

Трговците се посклони на лажење за годините за да ја одведат в кревет поубавата половина и посклони се кон експериментирање во сексот со уште една личност.

Верувале или не, возачите на камиони и на автобуси се многу перверзни, па така се посклони кон играње со храна и со валкани зборови во спалната  соба.

Анкетата, исто така, открила дека поголем дел од луѓето, дури 52 отсто, најмногу сакаат да имаат секс во спалната соба, по што следат балконите, па дури потоа туш кабина и плажа.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top