| четврток, 6 декември 2018 |

„Идеме на тројка, да ќариме станче…“ – вака звучи првата субвенционирана песна (ВИДЕО)

Кумановскиот рапер Тајзи минатата недела го снимаше видеоспот за неговата нова песна.

Музиката и аранжманот на „Дома си е дома“ се изработени во студиото на Јованови.

Видеоспотот, кој се снимаше на повеќе локации низ Македонија: античкиот локалитет Хераклеја во Битола, Пелистер, заливот на коските во Охрид и во Прилеп, е во продукција на „Иноватива груп“ и тимот Дарко Манасијески како режисер и Владимир Дади Ивановски како директор на фотографија, а на видеото работеше и „Флукс продукција“.

Оваа песна на Тајзи е добитник на државните субвенции за поддршка на македонската музика.

tyzee

„Дома си е дома“ е и најава за летната турнеја, која почнува со настап на престојниот „Бит евент #1“ (Beat Event #1) на 14 јуни на ракометното игралиште во Битола, каде што ќе настапи заедно со Слаткаристика.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top